

Бистрен
Е водечка земјоделска компанија со седиште во Штип, лоцирана во срцето на источна Македонија во строго еколошки предел. Со долгогодишно искуство и посветеност кон иновации и одржливо производство, „Бистрен“ се истакнува како пример за успешен агробизнис во регионот.
Располагаме со околу 1000 хектари плодна земја која се простира во и околу селата Љуботен, Чифлиг и Степанце. Целиот предел е своевидна еколошка оаза која изобилува со чист воздух, чиста плодна почва, вода и шума низ чии слободни парцели се протега нашето еколошко земјоделство.
На надморска височина од 200 до 400 метри, со постојан свеж воздух донесен од локалните ветрови нашите земјоделски парцели се вистински рај на природата и убавината која самата природа ги креирала илјадници години порано.



Нашата мисија
Мисијата на „Бистрен“ е да обезбеди висококвалитетни земјоделски производи преку примена на најсовремени агротехнолошки практики, притоа зачувувајќи ја природата и поддржувајќи ја локалната заедница.